Atila Altuntaş
21 Март 2021•Ажурирај: 27 Март 2021
СТОКХОЛМ
Јакоб Вирен, теолог на Здружението на цркви во Шведска (Svenska Kyrkan), изјави дека и христијаните можат да го прифатат Мухамед за божји пратеник, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од печат излезе книгата на теологот Вирен под наслов „Att ge plats for den andre?“ („Да се направи простор за другиот?“).
Вирен во еден дел од книгата, пишувајќи за исламот, го дава следниот коментар: „И христијаните можат да го прифатат Мухамед за пророк бидејќи тој пропагира постоење на само еден господ.“
Вирен, кој тврди дека во Библијата постојат податоци дека во годините по Исус ќе дојде друг пророк, во својата книга вели:
„По Исус дојде друг пророк. Во Библијата има податоци за тоа. Признавањето на Мухамед за пророк од страна на христијаните ќе ја зголеми почитта кон муслиманите. Денес на голем дел христијани не им се допаѓа пророкот Мухамед. Причина за тоа е што муслиманите во јавноста се прикажуваат како екстремни и одбивни.“
Вирен во исто време објави и промотивно видео за својата најнова книга на платформата за социјални медиуми Јутуб.
Објаснувајќи ја својата цел за пишувањето на книгата, Вирен вели: „Како можеме да живееме заедно? На ова прашање и на многу други, на пример ‘Како можат луѓето од различни вери да ги отворат своите вистински култури пред другите?’, побарав одговори од христијанска перспектива.“