Can Erözden
26 Април 2018•Ажурирај: 26 Април 2018
АНКАРА (АА) - Министрите за надворешни работи на Турција, Русија и Иран ќе се состанат в сабота во Москва, со цел да разговараат за меѓусебната соработка во рамките на механизмот од Астана, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на турското Министерство за надворешни работи, шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, неговиот руски колега Сергеј Лавров и иранскиот министер Џавад Зариф ќе се состанат во Москва на 28 април.
„На состанокот ќе се стави акцент на сите аспекти од соработката што се одвива во рамките на механизмот од Астана, и ќе се елаборираат идните чекори“, се вели во соопштението.
Мировните преговори во Астана започнаа на 23-24 јануари 2017 година, со цел да се стави крај на насилството и да се работи на подобрување на хуманитарната ситуација во Сирија.
Казахстан беше домаќин на осум состаноци на претставниците на земјите-гаранти (Русија, Турција и Иран), кои посредуваа за постигнување прекин на огнот во Сирија во декември 2016 година, што доведе до тоа мировните преговори во Астана да се одвиваат паралелно со преговорите во Женева.
Граѓанската војна во Сирија започна во 2011 година кога режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад ги разби продемократските протести со неочекувана свирепост.
Оттогаш, според податоците на Обединетите нации (ОН), во судирите се убиени стотици илјади луѓе.