Muhammet Tarhan
08 Јуни 2023•Ажурирај: 09 Јуни 2023
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан телефонски разговараше со државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Ентони Блинкен, јавува Анадолу.
За време на разговорот стана збор за членството на Шведска во НАТО, процесите за нормализација на турско-ерменските и азербејџанско-ерменските односи, набавката и модернизацијата на Ф-16 и украинскиот договор за жито, се вели во соопштението од Министерството за надворешни работи на Туркије.
Блинкен му честита на Фидан за преземањето на функцијата министер за надворешни работи во новиот кабинет што пред неколку дена го претстави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Фидан и Блинкен изразија подготвеност да се сретнат што е можно поскоро за да разговараат за заедничките прашања меѓу двете земји.