Mustafa Deveci
17 Март 2023•Ажурирај: 18 Март 2023
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на 18 март ќе престојува во официјална посета на Египет, на покана на неговиот египетски колега Самех Шукри, пренесува Анадолу.
Според информациите на турското Министерство, на средбата Чавушоглу и Шукри планирано е да се разговара за сите аспекти на билатералните односи меѓу Туркије и Египет и да се разменат мислења за регионални и меѓународни прашања.
Чавушоглу ќе биде прв турски министер за надворешни работи што ќе го посети Египет по 11 години.
По земјотресот во Туркије на почетокот на февруари, министерот Шукри ја посети Туркије на 27 февруари за да изрази солидарност и сочувство и се сретна со Чавушоглу.
Египет прати и хуманитарна помош во Туркије за жртвите од земјотресот.