Ekip
21 Октомври 2017•Ажурирај: 22 Октомври 2017
МАДРИД (АА) - Премиерот на Шпанија, Маријано Рахој по денешната итна седница на неговиот кабинет изјави дека владата на Шпанија нема да ја укине автономијата на Каталонија, туку само ќе ги разреши од должност регионалните функционери, кои го прекршиле законот, јавува Anadolu Agency (AA).
Рахој ги обвини сепаратистите дека ја примореле владата на Шпанија да тргне против Каталонија, преземајќи мерки без преседан. Исто така, побара дозвола од Сенатот на Шпанија да биде разрешена владата на Каталонија и да се распишат вонредни избори во тоа подрачје. Предложи министрите од централната шпанска влада да ги преземат овласувањата од каталонските регионални функционери.
Кабинетот на Рахој се состана денеска со цел да се појасни обемот и временските рамки на мерките кои владата планира да ги преземе според членот 155 од Уставот на Шпанија.
Овој член овозможува централната шпанска власт да интервенира кога некоја од 17 автономните области во Шпанија не го почитуваат законот.
Опозициските партии претходно се согласија да го поддржат шпанскиот премиер во намерата да ја укине автономијата на Каталонија. Со посебни мерки неопходна е поддршка од државниот Сенат.
Претседателот на Каталонија, Карлес Пуџдемон се закани дека во регионалниот парламент ќе повика на гласање за прогласување на експлицитна независност од Шпанија.