Ekip
30 Јуни 2022•Ажурирај: 01 Јули 2022
КУДС (АА) - Новиот израелски премер Јаир Лапид денеска ја презеде премиерската функција, со посетата на Центарот за сеќавање на холокаустот „Јад Вашем“.
Вообичаено, израелските службеници одат до ѕидот Ал Бурак (Western Wall) во комплексот на Џамијата „Ал-Акса“ во окупираниот источен Кудс пред и по добивањето на службените должности.
Но Лапид, лидерот на центристичката партија Јеш Атид (Партија на иднината), претпочиташе да го започне преземањето на функцијата од друго место.
„Веднаш по гласањето во Кнесетот отидов во Центарот за сеќавање на холокаустот“, рече Лапид на Твитер. „Таму му ветив на мојот татко дека секогаш ќе го одржувам Израел силен и способен за да се брани и да ги заштити своите деца.“
Израелските пратеници денеска гласаа за усвојување на последното читање на Предлог-законот за распуштање на Кнесетот (израелскиот Парламент), отворајќи го патот за предвремените избори закажани за 1 ноември.
Според изминатиот договор со премиерот Нафтали Бенет, Лапид ќе стане привремен премиер додека не се оформи нов кабинет по претстојните избори. Бенет, кој најави дека нема да се кандидира на претстојните избори, ќе стане алтернативен премиер на Лапид.
Анкетите на јавното мислење во Израел укажуваат на супериорност на десничарската партија Ликуд на чело со поранешниот премиер Бенјамин Нетанјаху, но таа сѐ уште не може да стигне до потребните 61 глас од 120 за формирање влада.
Претстојните избори се петти во помалку од четири години, за време на кои Нетанјаху не успеа четирипати да формира влада, и покрај победата на партијата на изборите.