Esra Tekin
05 Октомври 2023•Ажурирај: 06 Октомври 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Јапонската Агенција за метеорологија денес рано наутро издаде предупредување за можно цунами за ланецот острови Изу по силниот земјотрес со интензитет од 6,6 степени според Рихтеровата скала што се случи во водите на Тихиот Океан, пренесува Анадолу.
Земјотресот се случил во 11 часот по локално време, во близина на островот Торишима, на длабочина од 10 километри, објави „Кјодо њуз“.
Островот Торишима е ненаселен и се наоѓа на околу 600 километри јужно од Токио.
Метеоролошката агенција на Јапонија објави дека постои потенцијал цунамито да достигне височина од 1 метар во одредени делови на ланецот острови околу 11:30 часот.