Eşref Musa,Ethem Emre Özcan
25 Ноември 2021•Ажурирај: 26 Ноември 2021
ТЕЛ АБЈАД (АА) - Терористичката организација ЈПГ/ПКК продолжува насилно да регрутира и експлоатира деца во областите под нејзина контрола во североисточна Сирија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Терористите на ЈПГ/ПКК приведоа уште три 15-годишни девојчиња -- Хедије Абдурахим Антер, Евин Џалал Халил и Ајана Идрис Ибрахим -- во Амуда, во покраината Ал Хасека на 21 ноември за насилно да ги регрутираат како „деца борци“.
Терористичката организација приведе две деца, на возраст на 13 и 16-годишна возраст, на почетокот на август. И две деца на возраст од 13 и 16 години беа киднапирани на 23 август.
ЈПГ/ПКК ги носи децата во своите таканаречени кампови за обука во Ал Хасека.
Искористувањето на децата како борци од страна на терористичката организација и нивното тренирање за воени цели континуирано се документира во извештаите на ОН.
Извештајот на ОН, „Децата и оружениот конфликт во Сириската Арапска Република“, објавен на 18 мај, покажа дека ЈПГ/ПКК користела повеќе од 400 деца во периодот помеѓу јули 2018 и јуни 2020 година.
Во терористичката кампања против Турција, што трае повеќе од 35 години, терористичката организација ПКК, која е на листата на терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПК е сириски огранок на ПКК.