Gülşen Topçu
25 Декември 2022•Ажурирај: 26 Декември 2022
КАИРО (АА) - Најмалку 27 лица се повредени при уривање на една од металните бариери каде што седелe гледачите за време на кошаркарски натпревар во спортска сала во египетскиот Град 6. Октомври, јавува Агенција Анадолија (АА).
За време на натпреварот од кошаркарскиот Суперкуп помеѓу екипите Ал-Итихат и Ал-Ехли, се урна една од металните бариери во салата, а по инцидентот натпреварот е откажан, објавија локалните медиуми.
Египетскиот министер за спорт Ашраф Субхи наведе дека според првите проценки, до инцидентот дошло поради тепачка меѓу навивачите и дека е формирана комисија за утврдување на точната причина.
Министерството за здравство соопшти дека 27 повредени во инцидентот се префрлени во болница и дека не се во животна опасност.