Emre Aşıkçı
27 Декември 2022•Ажурирај: 29 Декември 2022
ЦИРИХ (АА) - Светската фудбалска федерација (ФИФА) за прв пат одреди Палестинка да суди натпревари на претстојното Светско првенство за жени во фудбал, јавува Агенција Анадолија (АА).
Палестинската новинска и информативна агенција (ВАФА) објави дека Хеба Саади ќе суди фудбалски натпревар на Светското првенство за жени што ќе се одржи во Австралија и Нов Зеланд од 20 јули до 20 август 2023 година.
Деветтото Светско првенство за жени, кое го организираат Австралија и Нов Зеланд, е прво организирано од две држави и прво на кое ќе учествуваат 32 репрезентации.