Прескокни на главната содржина
  • спортТурција

    Ердоган му честита на Мароко за историскиот пласман во полуфиналето на Светското првенство во фудбал

    „Искрено ѝ честитам на репрезентацијата на Мароко, првата африканска репрезентација која се пласира во полуфиналето на Светското првенство. Им честитам на нашите браќа Мароканци за овој успех“
    Sefa Mutlu
    11 Декември 2022•Ажурирано: 12 Декември 2022
    Ердоган му честита на Мароко за историскиот пласман во полуфиналето на Светското првенство во фудбал

    ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ѝ честита на фудбалската репрезентација на Мароко за историскиот пласман во полуфиналето на Светското првенство 2022, што се игра во Катар, јавува Агенција Анадолија (АА).

    Мароко синоќа во четвртфиналето ја совлада Португалија со резултат 1:0.

    Ердоган на својот твитер-профил упати честитка до сите граѓани на Мароко.

    „Искрено ѝ честитам на репрезентацијата на Мароко, првата африканска репрезентација која се пласира во полуфиналето на Светското првенство. Им честитам на нашите браќа Мароканци за овој успех“, истакна турскиот претседател.

    Фудбалската репрезентација на Мароко вчера ја совлада Португалија со 1:0 и со тоа го постигна најголемиот успех во историјата пласирајќи се во полуфиналето на Светското првенство.

    Репрезентацијата на Мароко стана првиот африкански тим во историјата што се пласирал меѓу четирите најдобри екипи во светот.

    Мароко во полуфиналето во среда ќе игра против Франција.

    related_topics:
    фудбалСветско првенствоМарокоЕрдоган
    news_share

    news_share_descriptionsubscription_contact

    subscription