Hüseyin Burak Demirer
24 Септември 2019•Ажурирај: 24 Септември 2019
АНКАРА (АА) - Синоќа се одиграа два четвртфинални натпревари од Европското првенство во одбојка за мажи ЕУРО 2019, пишува Anadolu Agency (AA).
Годинава, во заедничка организација на Франција, Белгија, Словенија и Холандија се одржува 31. Европско првенство во одбојка за мажи ЕУРО 2019. Синоќа се одиграа два натпревари од четвртфиналето на кои се сретнаа Полска - Германија и Русија - Словенија.
Словенија во натпреварот против Русија, што го одигра пред своите навивачи, извојува победа од 3:1 (25:23, 25:22, 21:25 и 25:21) и се пласираше во полуфиналето на ЕУРО 2019. Истовремено, Европа ќе добие нов шампион, бидејќи Русија е актуелниот европски првак во одбојка.
Во вториот натпревар Полска беше поуспешна од Германија и со убедливи 3:0 (25:19, 25:21, 25:18) избори пласман во полуфиналето.
Преостанатите два дуела од четвртфиналето се закажани за денес.
Се среќаваат:
20:30 Србија - Украина
21:00 Франција - Италија
Претходно, во натпреварите во групата А, Франција ја совлада Италија со 3:1 во сетови (25:22, 22:25, 25:21 и 25:22), завршувајќи ги натпреварите во групата без пораз со максимални 15 бода и сет разлика 15:1. Истиот скор во напреварите по групи од максимални 15 бода и сет ралика од 15:1 имаше и репрезентацијата на Србија во групата Б.