Hüseyin Burak Demirer
30 Јули 2018•Ажурирај: 31 Јули 2018
АНКАРА (АА) - Шведскиот стрелец Златан Ибрахимовиќ на натпреварот на неговиот тим Лос Анџелес Галакси против Орландо Сити кој заврши со резултат 4:3, го постигна својот прв хет-трик во Американската прва фудбалска лига (MLS), пренесува Anadolu Agency (AA).
Лос Анџелес Галакси од Западната конференција во МЛС го пречека на свој терен противничкиот клуб Орландо Сити од Источната конференција на оваа лига, натпревар во кој беа постигнати вкупно 7 голови.
Првото полувреме заврши со водство на Орландо Сити со резултат 2:1, додека Ибрахимовиќ во второто полувреме постигна хет-трик со што Галакси направи пресврт и го совлада својот противник со резултат 4:3. Овој хет-трик е првиот постигнат хет-трик на Ибрахимовиќ во неговата кариера во Американската прва фудбалска лига.
Триесет и шестгодишниот Ибрахимовиќ, во дресот на Галакси одигра 17 натпревари и постигна 15 погодоци.