Gorana Jakovljevic
26 Март 2023•Ажурирај: 27 Март 2023
СКОПЈЕ (АА) - Синоќа се одиграа натпреварите од квалификациите за учество на УЕФА Европското првенство ЕВРО 2024 во групите А, Д и И, со што е комплетирано првото коло во ова натпреварување, известува Анадолу.
Во групата А, селекцијата на Шкотска во Глазгов ја совлада Грчка администрација на Јужен Кипар со убедливи 3:0. Во истата група, во натпревар што се одигра во Малага, Шпанија ја победи Норвешка со 3:0.

Во рамките на група Д, репрезентацијата на Туркије како гостин ја совлада Ерменија во Ереван со резултат 1:2, додека Хрватска во Сплит против Велс одигра нерешено 1:1. Велс успеа да го изедначи резултатот во судиското продолжение 90+3 минути од натпреварот, нанесувајќи ѝ вистински шок на селекцијата на Хрватска.

Во групата И, во натпревар што се одигра на неутрален терен во Нови Сад, Србија, Швајцарија ја декласираше репрезентацијата на Белорусија со резултат 0:5. Во истата група, во натпревар што се одигра во Тел Авив, селекциите на Израел и Косово одиграа нерешено 1:1. Во третиот натпревар од оваа група, репрезентацијата на Андора на домашен терен ја пречека Романија, која успеа да го совлада домаќинот со резултат 0:2.
Резултати од вчера одиграните натпревари:
Шкотска - Грчка администрација на Јужен Кипар 3:0
Израел - Косово 1:1
Ерменија - Туркије 1:2
Белорусија - Швајцарија 0:5
Шпанија - Норвешка 3:0
Хрватска - Велс 1:1
Андора - Романија 0:2.