Admir Fazlagic
07 Октомври 2016•Ажурирај: 07 Октомври 2016
СКОПЈЕ (АА) - Фудбалскиот натпревар помеѓу репрезентациите на Македонија и Израел заврши со 1:2 , јавува Anadolu Agency (AA).
Во рамките од второто коло од квалификациите за Светското фудбалско првенство 2018 кое ќе се одржи во Русија, вечерва на националната арена „Филип II" се одигра натпреварот помеѓу репрезентациите на Македонија и Израел, каде што победи гостинската репрезентација, со што освои три бода.
Иако домашната репрезентација на почетокот почна добро и имаше две шанси кои не ги искористи, во 25. минута израелскиот напаѓач Хемед погоди со глава за водство на гостинската репрезентација, а во финишот на првиот дел гол постигна Тал Бен Хаим со што го зголеми водството на репрезентацијата на Израел на 0:2.
Во второто полувреме, во 63. минута од натпреварот гол постигна Илија Несторовски и намали на 1:2.
Во самиот финиш на натпреварот, Несторовски беше фаулиран во шеснаесетникот и беше досуден пенал за репрезентацијата на Македонија, кој не успеа да го реализира напаѓачот Адис Јаховиќ, бидејќи голманот на израелската репрезентација Гореш го одбрани ударот од 11 метри.
Следниот меч репрезентацијата на Македонија го игра со Италија на 9. октомври, повторно во Скопје.
Инаку, во истата група „Г", репрезентациите Италија и Шпанија одиграа нерешено 1:1, а Литенштајн на домашен терен е поразен од Албанија со 0:2.
Исланд во групата „И" на домашен терен ја совлада репрезентацијата на Финска со 3:2. Во истата група репрезентацијата на Турција одигра нерешено со 2:2 против Украина.Репрезентацијата на Косово во првиот домашна квалификационен натревар во историјата, на стадионот Лоро Бориќи во Скадар беше поразена од Хрватска со 0:6.