Bakir Tiro
17 Јуни 2023•Ажурирај: 18 Јуни 2023
СКОПЈЕ / САРАЕВО / ПРИШТИНА (АА)
Фудбалската репрезентација на Северна Македонија на Националната арена „Тоше Проески“ во Скопје во рамките на третото коло на групата „Ц“ од квалификациите за УЕФА Евро 2024 ја прокоцка победата над Украина, дозволувајќи им на гостите со пресврт да дојдат до победа во второто полувреме со 2:3 и да си заминат дома со три бода, известува Анадолу.
Репрезентација на Северна Македонија по првото полувреме водеше со 2:0 благодарение на головите што ги постигнаа Барди во 31. минута од пенал и извонредниот гол на Елмас во 39. минута. Меѓутоа Украинците одиграа ефикасно второ полувреме и со погодоците на Забарни во 62., Коноплија во 67. и Циганков во 83. минута извојуваа победа и три бода, многу значајни за понатамошниот тек на квалификациите во борбата за пласман на европскиот шампионат што следната година ќе се игра во Германија.
Во групата „И“ Косово во „тврд“ натпревар ремизираше со фаворизираната Романија, одигрувајќи нерешено 0:0 во Приштина.
Туркије славеше на гостувањето во Латвија со 2:3 и изби на лидерската позиција во групата „Д“. Во истата група Ерменија направи изненадување на гостувањето во Велс, совладувајќи го домаќинот со 2:4.
Улогата на апсолутни фаворити без поголеми проблеми ја оправдаа Франција против Гибралтар и Англија против Малта. Англија на гостувањето во Малта извојува победа од 0:4, додека Гибралтар на домашен терен загуби 0:3 од Франција.
Селекцијата на Данска на домашен терен со минимални 1:0 ја совлада Северна Ирска, а Швајцарија на гостинскиот терен на Андора победи со резултат 1:2.
Во натпреварот што се одигра порано, Финска ја совлада Словенија со 2:0.
РЕЗУЛТАТИ и ТАБЕЛИ
Група Б
Грција - Република Ирска 2:1
Гибралтар - Франција 0:3
Табела
1. Франција 9
2. Грција 6
3. Холандија 3
4. Република Ирска 0
5. Гибралтар 0
Група Ц
Северна Македонија - Украина 2:3
Малта - Англија 0:4
Табела
1. Англија 9
2. Украина 3
3. Италија 3
4. Северна Македонија 3
5. Малта 0
Група Д
Велс - Ерменија 2:4
Латвија - Туркије 2:3
Табела
1. Туркије 6
2. Хрватска 4
3. Велс 4
4. Ерменија 3
5. Латвија 0
Група Х
Данска - Северна Ирска 1:0
Сан Марино - Казахстан 0:3
Финска - Словенија 2:0
Табела
1. Данска 6
2. Казахстан 6
3. Финска 6
4. Словенија 6
5. Северна Ирска 3
6. Сан Марино 0
Група И
Косово - Романија 0:0
Белорусија - Израел 1:2
Андора - Швајцарија 1:2
Табела
1. Швајцарија 9
2. Романија 7
3. Израел 4
4. Косово 3
5. Андора 1
6. Белорусија 0