Associated Press
27 Август 2023•Ажурирај: 28 Август 2023
ХАРИСОН (АА) - Аргентинската и светска фудбалска ѕвезда Лионел Меси не разговараше со новинарите по дебито во MLS американската фудбалска лига, со што го прекрши медиумското правило на лигата, известуваат американските медиуми, пренесува Анадолу.
Меси постигна погодок во 89. минута од средбата во која неговиот Интер Мајами со резултат 2:0 го совлада Њујорк Ред Булс.
Портпаролката на Мајами, Моли Дреска, по натпреварот изјави дека Меси не е достапен за новинарите.
Ден Куртманш, извршен потпретседател за комуникации на MLS, пред натпреварот рече дека Меси, како и сите останати фудбалери, мора да биде достапен за медиумите по натпреварот.
Синоќа Меси го имаше своето деби во MLS лигата. Досега за Интер Мајами Меси одигра 9 натпревари, постигнувајќи 11 погодоци и 3 асистенции.