Bakir Tiro
23 Март 2020•Ажурирај: 23 Март 2020
САРАЕВО (АА) - Иако последниве денови е најавувано, првенството во Формула 1 нема да започне со трката за Големата награда на Азербејџан, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Трката на улиците на Баку, што требаше да се вози на 7 јуни, денес и официјално е одложена поради пандемијата на коронавирусот.
Челниците на Формула 1 не можеа да потврдат кога ќе започне сезоната, ниту кога ќе се вози трката за Големата награда на Азербејџан, а и трките што беа одложени поради ширењето на вирусот.
Неофицијално, сезоната во Формула 1 би можела да почне на 14 јуни со трката за Големата награда на Канада во Монтреал.