Oktaj Omeragik
16 Ноември 2019•Ажурирај: 17 Ноември 2019
СКОПЈЕ
Денеска се играат последните натпревари на 9. коло од квалификациите за УЕФА ЕВРО 2020, пишува Агенција Анадолија (АА).
Синоќа се одиграа 8 натпревари од 9. коло на квалификациите за пласман на Европското фудбалско првенство ЕВРО 2020 организирано од УЕФА. Шпанија ѝ нанесе катастрофален пораз на Малта, совладувајќи ја со 7:0. И репрезентацијата на Данска извојува висока победа над Гибралтар од 6:0.
Репрезентацијата на Босна и Херцеговина на домашен терен ја пречека Италија. Гостите ја продолжија својата победоносна серија во групата и со 9 победи од 9 средби се наоѓаат во врвот на табелата во групата Ј со максимални 27 бодови.
Во групата Ф Шведска ѝ гостуваше на Романија. Гостите извојуваа значајна победа од 0:2 врз директниот конкурент Романија и на едно коло пред крајот на квалификациите си обезбедија пласман во завршницата на Европското фудбалско првенство ЕУРО 2020. Во истата група Норвешка извојува победа од 4:0 над Фарски Острови.
Неизвесноста за пласман на ЕВРО 2020 до крајот останува во групата Д. Синоќешните победи на Данска над Гибралтар од 6:0 и на Швајцарија над Грузија од 1:0 направија учесниците на ЕВРО 2020 да бидат познати по натпреварите во последното коло. Во последното коло Данска ѝ гостува на Ирска и за пласман на ЕУРО 2020 ѝ е потребен бод, но евентуална победа на Ирска би можела да ги замрси конците. Швајцарија има полесна работа бидејќи за противник ја има репрезентацијата на Гибралтар, која во досегашните натпревари нема освоено ниту еден бод.
Резултати од синоќа одиграните натпревари:
Норвешка - Фарски Острови 4:0
Ерменија - Грција 0:1
Финска - Лихтенштајн 3:0
Босна и Херцеговина - Италија 0:3
Данска - Гибралтар 6:0
Романија - Шведска 0:2
Швајцарија - Грузија 1:0
Шпанија - Малта 7:0
Денеска се среќаваат:
15:00 Кипар (Грчки дел) - Шкотска
15:00 Русија - Белгија
18:00 Азербејџан - Велс
18:00 Сан Марино - Казахстан
18:00 Словенија - Летонија
20:45 Хрватска - Словачка
20:45 Северна Ирска - Холандија
20:45 Германија - Белорусија
20:45 Израел - Полска
20:45 Австрија - Северна Македонија