Oktaj Omeragik
15 Ноември 2019•Ажурирај: 16 Ноември 2019
СКОПЈЕ
Во тек е 9. претпоследно коло од квалификациите за пласман на Европското фудбалско првенство на УЕФА, ЕУРО 2020, јавува Агенција Анадолија (АА).
Синоќа се одиграа 7 средби од квалификациите за учество на најпрестижното фудбалско натпреварување во Европа на национално ниво, ЕУРО 2020.
На едно коло пред крај, репрезентациите на Турција и Франција во групата Х изборија пласман на ЕУРО 2020.
Турција на домашен терен ја пречека репрезентацијата на Исланд. На Турција ѝ беше потребен бод за пласман во завршницата на ЕУРО 2020. Во тврда игра, и покрај неколкуте можности за двете репрезентации, натпреварот заврши без победник - 0:0, што на Турција ѝ овозможи пласман на ЕУРО 2020.
Франција ѝ беше домаќин на Молдавија. Гостите упеаја да поведат со 0:1 веќе во 9. минута од средбата преку Вадим Ратја, но Франција се созеде по шокот и во 35. минута изедначи на 1:1 со погодокот на Рафаел Варан. Победата на домаќините им ја донесе Оливје Жиру во 79. минута со погодок од белата точка.
Англија ѝ нанесе катастрофален пораз на репрезентацијата на Црна Гора. Англичаните победија со 7:0. Репрезентацијата на Чешка на домашен терен го пречека тимот на Косово. Првото полувреме заврши нерешено 0:0. Во почетокот на второто полувреме гостите успеаја да постигнат погодок за водство од 0:1 и со евентуалната победа ќе се зголемеа шансите за пласман во завршницата на ЕУРО 2020. Но Чешка успеа да направи пресврт и со два погодоци во 71. и 79. минута ги постави конечните 2:1 и победи против Косово. Во оваа група пласман во завршницата на ЕУРО 2020 на коло пред крајот на квалификациите обезбедија Англија и Чешка.
Во групата Б, Португалија на домашен терен ја пречека репрезентацијата на Литванија. Португалците не дозволија изненадување и ѝ нанесоа тежок пораз на Литванија. Кристијано Роналдо постигна хек-трик. Во оваа група сигурен патник на ЕУРО 2020 е Украина, а вториот патник ќе биде познат по завршувањето на последното коло во оваа група.
Резултати од вчера одиграните натпревари:
Турција - Исланд 0:0
Англија - Црна Гора 7:0
Србија - Луксембург 3:2
Франција - Молдавија 2:1
Португалија - Литванија 6:0
Чешка - Косово 2:1
Албанија - Андора 2:2
Денеска, во рамките на 9. коло од квалификациите се среќаваат:
18:00 Норвешка - Фарски Острови
18:00 Ерменија - Грција
18:00 Финска - Лихтенштајн
20:45 Босна и Херцеговина - Италија
20:45 Данска - Гибралтар
20:45 Романија - Шведска
20:45 Швајцарија - Грузија
20:45 Шпанија - Малта
В сабота (16 ноември) ќе се одиграат натпреварите:
15:00 Кипар (Грчки дел) - Шкотска
15:00 Русија - Белгија
18:00 Азербејџан - Велс
18:00 Сан Марино - Казахстан
18:00 Словенија - Летонија
20:45 Австрија - С. Македонија
20:45 Хрватска - Словачка
20:45 Северна Ирска - Холандија
20:45 Германија - Белорусија
20:45 Израел - Полска
Интересни се дуелите во групата Ц, каде за пласман на ЕУРО 2020 се борат Холандија, Германија и Северна Ирска. Во групата Ф, Шпанија е сигурен патник, и останува да се види што ќе сторат репрезентациите на Шведска и Романија во последните две кола.
Во групата Г Полска е речиси пласирана во завршницата на ЕУРО 2020. Репрезентацијата на Австија е најголем кандидат за вториот билет за ЕУРО 2020, но репрезентациите на С. Македонија, Словенија и Израел, со две последователни победи во последните две кола и два порази на Австрија, би можеле да им ги замрсат конците на Австријците. Во групата И, репрезентациите на Белгија и Русија од претходно се сигурни патници во завршницата на ЕУРО 2020.
Репрезентацијата на Гибралтар во групата Д, Летонија во групата Г и Сан Марино во групата И не успеаја да освојат ниту еден бод во досегашниот тек од квалификациите за ЕУРО 2020.
Единствени репрезентации кои на сите досегашни средби извојуваа максимален број победи се репрезентациите на Белгија 8 од 8 во групата И и Италија 8 од 8 во групата Ј.