Doga Kirmizioglu
12 Јули 2018•Ажурирај: 13 Јули 2018
АНКАРА (АА) - Синоќа се одиграа 8 натпревари од првата фаза на елиминации за учество во фудбалската Лига на шампиони, јавува Anadolu Agency (AA).
Највисока победа на синоќешните натпревари од првата фаза на елиминации за учество во Лигата на шампиони извојува бугарскиот тим Лудогорец, кој како домаќин го совлада тимот Крусејдерс, претставникот на Северна Ирска, со резултат 7:0.
Погодоците за Лудогорец ги постигнаа Јакуб Свирчок (3), Марселињо (2), Клаудиу Кесеру (1) и еден автогол на Родни Браун.
Реванш-средбите од оваа фаза на елиминации ќе се одиграат на 17 и 18 јули.
Резултати од синоќешните натпревари:
Астана - Сутјеска: 1:0
Спартак Трнава - Зрињски: 1:0
Спартакс Јурмала - Црвена Звезда: 0:0
Судува - АПОЕЛ: 3:1
Кукс - Валета: 0:0
Лудогорец - Крусејдерс: 7:0
Олимпија Љубљана - Карабах: 0:1
Валур - Росенборг: 1:0