Emre Doğan
26 Ноември 2020•Ажурирај: 27 Ноември 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Промотивниот филм кој беше снимен пред трката на „DHL Turkish Grand Prix“ во Формула 1 кој се одржа од 13 до 15 ноември во „Интерсити Истанбул парк“, почна да се емитува во целиот свет, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во рамки на промотивниот филм беше извршен првиот интерконтинентален „pit-stop“ во светот на Мостот на шехидите од 15 јули во Истанбул, а на овој филм учествуваа пилотот на Ред Бул Рејсинг, Александер Албон, и пилотот на Алфа Таури, Пјер Гасли.
Филмот е снимен под покровителство на Одделот за комуникации при турското Претседателство со цел да се даде придонес во промовирањето на Турција и Истанбул, а во него се вклучени сцени кога пилотите со своите Формула 1-возила поминуваат низ различни локации во Истанбул, како палатата Топкапи, мостот Галата, плоштадот „Султанахмед“, тунелот Евроазија и Мостот на шехидите 15 јули.
Пилотот на Алфа Таури, Пјер Гасли, во својата изјава го привлече вниманието на важноста на искуството кое го доживеал во промотивниот филм. „Управувањето со возило на Формула 1 во Истанбул и особено поминувањето преку мостот од еден континент на друг беше фантастично. Голема чест е да се биде дел од овој важен ден“, рече тој.
Меѓу другото, пилотот на Ред Бул Рејсинг, Александер Албон, истакна: „Навистина беше многу добро искуство да се управува со возило низ улиците на Истанбул. Исто и моментите на Мостот на шехидите од 15 јули се незаборавни.“