Mutlu Demirtaştan
05 Јули 2024•Ажурирај: 06 Јули 2024
БЕРЛИН (АА) - Дисциплинската комисија на Европската фудбалска организација УЕФА го суспендираше турскиот репрезентативец Мерих Демирал поради гестикулација на симболот на сивиот волк за време на прославата на голот во осминафиналето на Европското првенство во Германија (ЕВРО 2024), јавува Анадолу.
Во соопштението на УЕФА се наведува дека Мерих Демирал добил забрана за настап на два натпревари поради неспортско однесување на спортски настани, нарушување на репутацијата на фудбалот и постапување спротивно на општите принципи на спортскиот дух.
Неименувани извори јавуваат дека Фудбалската федерација на Туркије подготвува приговор на одлуката на УЕФА.
Доколку одлуката не се смени, Мерих Демирал нема да може да настапи на четвртфиналниот натпревар против Холандија, како и на полуфиналниот натпревар доколку Туркије помине понатаму.