Elvir Hociç
09 Април 2017•Ажурирај: 10 Април 2017
ШАНГАЈ (АА) - Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, победи на утринската трка на Формула 1 во Кина, што претставува негов петти триумф на Големата награда на Кина, јавува Anadolu Agency (AA).
Хамилтон се изедначи во генералниот пласман со ривалот Себастијан Фетел од Ферари, кој на денешната трка се пласираше на второто место.
Најзначаен успех денес постигна холандскиот возач Макс Ферстапен, којшто во автомобилот на Ред Бул од 16 стартна позиција се избори за третото место.
Четвртото место на трката го освои Даниеле Рикардо од Ред Бул, а петти беше возачот на Ферари, Кими Раиконен.
Поени освоија и Валтери Ботас од Мерцедес, Карлос Саинц од Торо Росо, Кевин Магнусен и двајцата возачи на Форс Индија, Серхио Перес и Естебан Окон.
Хамилтон и неговиот сонародник Фетел во моментов имаат по 43 поени, со што се чини дека ќе водат самостојна битка за титулата. Ферстапен на третото место има 25 поени.
Следната трка од шапионатот во Формула 1 за Големата награда на Бахреин е в недела, 16. април од 17 часот.