Muhammet İkbal Arslan
14 Мај 2019•Ажурирај: 15 Мај 2019
АНКАРА (AA) - Турскиот шеф на дипломатијата Мевлут Чавушоглу изјави дека се блиску до кончено воспоставување на уставотворната комисија во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
„Блиску сме до договор околу уставотврона комисија", рече Чавушоглу за време на средбата со шефот на преговарачката делегација на сириската опозиција Наср Харири
„Нападите на сирискиот режим претставуваат кршење на Меморандумот од Сочи и се спротивни на духот на процесот од Астана", порача Чавушоглу преку Твитер.
Режимските сили во соработка со сојузниците во Сирија и понатаму продолжуваат со нападите и покрај договорот од Сочи кој е потпишан на 17 септември 2018 година.