Cansu Dikme
27 Ноември 2017•Ажурирај: 27 Ноември 2017
НКАРА (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денес изјави дека очекува турската економија во 2017 година достигне раст за 7 отсто, јавува Anadolu Agency (AA).
Обраќајќи се на церемонијата на доделување награди во Стопанската комора во Анкара, Ердоган истакна: „Нема да биде изненадување ако турската економија достигне раст за 7 отсто во 2017 година“.
„Достигнавме стапка на раст од 5.2 отсто во првите два квартала. Очекуваме повисока стапка во третиот и во четвртиот квартал“.
Според турскиот Институт за статистика (ТуркСтат), турската економија доживеа раст и надвор од предвидувањата во првиот квартал (5,2 отсто) и во вториот квартал (5,1 отсто) од оваа година.
Турскиот претседател најави дека до 100. роденден на Републиката, односно до 2023 година, во Турција ќе се отворат 65 нови индустриски зони во кои додатно ќе се отворат милион работни места.
„Во моментов имаме околу 800 центри за истражување и развој, а до крајот на следната година тој број ќе го зголемиме на 1.200 и со тоа ќе придонесеме кон квалитетот на вработувањето“, порача Ердоган.