Erdoğan Çağatay Zontur
07 Март 2019•Ажурирај: 08 Март 2019
АНКАРА (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган изјави дека неговата земја, како никогаш претходно, нанела тешки удари на терористичката организација ПКК, во земјата и странство, јавува Anadolu Agency (AA).
Гостувајќи во заеничка програма на телевизиските канали „24 ТВ" и „ТВ 360", Ердоган изјави дека е завршено прашањето на купувањето на рускиот систем на противвоздушна одбрана С-400.
„Го заклучивме прашањето со С-400. Потпишавме договор со Русите и ќе ја започнеме купопродажбата. Подоцна можеме да работиме и со С-500", рече Ердоган.
По долготрајните безуспешни напори да го купи ракетниот систем за одбрана од САД, Турција во 2017 година одлучи од Русија да го купи рускиот систем на противвоздушна одбрана С-400.
Истакна дека американскиот претседател Доналд Трамп цврсто се заложил за воспоставување сигурна зона во Сирија, додавајќи дека сепак, во Соединетите Американски Држави постојат одредени центри на моќ, кои можат, како што рече, да го блокираат целиот процес.
„Сигурната зона во Сирија би морала да ја контролира Турција, на ниту една друга земја не би ѝ било дозволено да го направи тоа", рече турскиот претседател, додавајќи и дека Вашингтон може, ако навистина сака, да го зеде назад оружјето кое го дадоа на терористите на ЈПГ/ПКК.
„Доколку САД сака да го земе назад оружјето од Сирија, тие тоа можат да го направат, но ако тоа не го сакаат, дајте ѝ го на Турција, а не на терористите", рече Ердоган, мислејќи притоа на терористичката организација ЈПГ/ПКК.
Истакна дека сеуште не се презедени конкретни чекори во врска со повлекувањето на американските трупи од Сирија, како што веќе е најавено.
„Ние внимателно го следиме повлекувањето на САД од Сирија. Се уште не се преземени никакви чекори", рече претседателот на Турција.
Напомена дека неговата земја во текот на оваа година спровела повеќе од три илјади операции против ФЕТО.
„Турција организираше 3.306 операции против терористичката организација ФЕТО во 2019 година, при што се приведени 7.416, а притворени 1.385 лица", рече Ердоган.