Hatice Şenses Kurukız
08 Мај 2016•Ажурирај: 08 Мај 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека е неправедна заработката со ограничување на платите и социјалните права на работниците, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на Турција Ердоган во говорот по повод 8-та Меѓународна конференција за здравје и безбедност при работа, што се одржа во Конгресниот центар Халич, во Истанбул изјави: „Неправедна е заработката со ограничување на платите и социјалните права на работниците и непреземање мерки за заштита на работниците од професионални несреќи и болести. Профитот добиен на овој начин е во спротивност со нашите вредности."
Изразувајќи задоволство што последните години поголем дел од синдикатите го слават 1-ви мај како вистински празник на работниците, претседателот Ердоган изјави: „ Би сакал да истакнам дека ми причинува особено задоволство нормазизацијата, созревањето и демократизацијата на земјата.“ - „Давањето на правата за одработеното на работниците ќе ве направи побогати”.
Претседателот Ердоган изјави: „Од говорницава апелирам до сите работодавци, вклучувајќи ја и државата, при пресметката на надоместот за работа на работниците, да не се врши експлоатација на работата на работниците за лична добивка. Знајте дека давањето на правата за одработеното на работниците дополнително ќе ги зголеми вашите придобивки и ќе ве направи побогати.“
Тој истакна дека не го прифаќа споредувањето на продуктивноста на човекот во однос на една машина која се користи за производство во фабрика. Претседателот Ердоган рече дека потценуањето на човечките можности и користењето на машините, се со цел да се намалат производствените трошоци, а да се зголеми профитот, не е профит, туку кражба.