?kipa
15 Јули 2017•Ажурирај: 15 Јули 2017
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, во интервју за BBC (Би би си), потсети дека во обиот за државен удар на терористичката организација ФЕТО на 15 јули 2016 година беа убиени 250 граѓани на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
„Зошто државата би ги хранела оние кои се членови на терористичка организација? Загинаа 250 мои граѓани, ранети беа 2.193 граѓани. Кој ќе ги излечи нивните рани, кој ќе ги врати 250-те загинати?“, рече Ердоган.
Истакна дека таа ноќ бил на одмор во Мармарис, по што, откако дознал за обидот за државен удар, со авион се вратил во Истанбул.
„Преку социјалните мрежи народот го повикав на плоштадите, и народот излезе на плоштадите, на аеродромите и не се откажа. Јуришеа против бомбардерите F-16, тенковите, топовите и хеликоптерите, не запираа. Кога слетавме во Истанбул, на аеродромот го видов народот“, рече Ердоган.
Тој истакна дека целиот свет во следните неколку дена повторно ќе види колку е силно националното единство во Турција.
„Во петок, сабота и недела ќе се одржат различни програми, и целиот свет повторно ќе се увери на кое ниво е нашето национално единство. Нашето единство не е доведено во прашање. Овој народ му верува на својот лидер, на својата Влада“, рече Ердоган.
На прашањето во врска со наводни новинари кои се наоѓаат во затвор во Турција, Ердоган истакна дека ниту едно од тие лица не е во затвор поради новинарство.
„Внатре никој не е поради новинарството, тоа треба на сите да им биде јасно. Во Турција во моментов има толку многу опозициски новинари. Тие луѓе или работеле со терористички организации, или се в затвор поради поседување на оружје или грабежи на банкомати. Меѓутоа, во џебот имале новинска акредитација, тврдејќи дека се новинари. Лага е, како што наведувате вие, дека внатре има 170 новинари. Тоа се лаги. Во моментов, внатре се наоѓаат две лица кои имаат статус на новинари“, рече Ердоган.
На прашањето во врска со оние кои по обидот за државен удар на ФЕТО се уапсени или отпуштени од работните места, Ердоган истакна дека не е правилно така да се разгледува тоа прашање.
„Извинете, но тоа што го велите не е точно, тоа не е чесно. Погледнете, судството на Западот е судство. Зошто судството во Турција не може да биде судство? Судството во нашата земја пронајде доказ наречен ByLock (Бајлок), како и докази наречени Eagle, а покрај тие докази (судството) ја утврдило и поврзаноста со терористичката организација ФЕТО која се инфилтрираше во армијата, судството, полицијата и во сите министерства. Па зарем тие пучисти, откако се уапсени, и понатаму ли да останат во овие институции и да не бидат отстранети од функцијата? Извинете, но кога се обединија Источна и Западна Германија, 500.000 луѓе беа суспендирани од должност и никој не рече ништо. Но, сега се бара да не се преземе ништо против оние кои во Турција, против државата, изведоа државен удар. Не може тоа така“, рече Ердоган.
Тој истакна дека судовите ќе донесат одлука во врска со лицата вмешани во обидот за пуч.
„Имаме судство кое ги истражува овие случаи и коешто ќе ја даде конечната пресуда“, рече турскиот претседател во интервју за BBC (Би-би-си).