Tutku Şenen
18 Септември 2016•Ажурирај: 19 Септември 2016
АНКАРА (АА) - Турската војска соопшти дека вчера во северна Сирија во рамките на операцијата „Штитот на Еуфрат” уништени се 67 позиции на ДАЕШ и неутрализирани се петмина терористи, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на турскиот Генералштаб издаден вчера, позициите се гаѓани со 260 проектили од хаубици и 59 повеќенаменски проектили во областа помеѓу Азаз и ал Раи.
Се додава дека операцијата во Азаз ја поддржале специјалните сили на САД. Турската војска нагласи дека коалициските сили спровеле три воздушни напади во регионите Барагидах, Татимус и Кара Куз, уништувајќи пет објекти.
Се наведува дека од почетокот на операцијата „Штитот на Еуфрат” на 24 август, се погодени 652 мети. Целта на операцијата е елиминирање на терористичките елементи во северниот дел на Сирија.