Levent Kişi
17 Септември 2016•Ажурирај: 18 Септември 2016
АНТАЛИЈА (AA) – Во склоп со меѓународниот саелм Експо 2016 во турскиот град Анталија приредено е претставување на московската група "Moscow Circiut on Ice" која е единствена од тој тип да своите претстави ги изведува на ледена подлога, јавува Anadolu Agency (AA).
Станува збор за циркусна група која е основана во Москва, далечната 1964 година, а која и денес е единствена на светот која перформансот го изведува на ледена плоча.
Перформансот на режисерката Наталија Абрамова привлече големо внимание во Анталија веќе по првото изведување на единствената кореографија на уметничките движења и акробации на ледот.
Публиката во Анталија во изведбите на претставите на московските акробати ќе може да ужива секој ден на плоштадот Експо се до 8 октомври.