Sarp Özer
14 Февруари 2021•Ажурирај: 15 Февруари 2021
ШИРНАК
Безбедносните сили на Турција пронајдоа тела на 13 турски државјани, цивили, што крвнички биле убиени од припадниците на терористичката организација ПКК. Телата се пронајдени во една од пештерите што ги користела ПКК, во регионот Гара, на северот на Ирак, потврди министерот за одбрана на Турција, Хулуси Акар, јавува Агенција Анадолија (АА).
Турските сили ја завршија антитерористичката операција „Канџа-Орел 2“ во регионот Гара, што започна во средата.
Министерот за одбрана на Турција, Хулуси Акар, го посети командниот штаб на операцијата, каде што информираше за текот на операцијата.
Акар рече дека во операцијата, што ја опиша како многу специфична и критична, убиени се 48 терористи, двајца се фатени, а регионот претежно е исчистен од терористичките организации.
„Операцијата е завршена. Нашите копнени и воздушни сили безбедно се вратија во своите бази и касарни“, рече Акар.
Тој се осврна и на пронаоѓањето на телата на 13 убиени турски државјани, цивили.
„Во текот на операцијата во една од пештерите што ги користеа терористите на ПКК пронајдени се телата на 13 наши граѓани кои ПКК претходно ги киднапираше. Утврдено е дека еден од нашите невини, невооружени граѓани е убиен со пукање во рамо, останатите 12 со пукање во глава. Тие ги положија своите животи како шехиди (маченици). ПКК уште еднаш го покажа своето подмолно и крвничко лице“, рече Акар.
Тој додаде дека терористите, кои се фатени во текот на операцијата, потврдиле дека егзекуцијата на цивилите ја извршил терорист на ПКК одговорен за пештерата. Сите терористи одговорни за убиството на 13 цивили се неутрализирани во операцијата.
Во придружба на Акар во командниот штаб беа и началникот на Генералштабот, генерал Јашар Ѓулер, командантот на Копнените сили, генералот Умит Дундар, командантот на Воздушните сили, генералот Хасан Кучукајуз, и командантот на Турската морнарица, Аднан Озбал.
Во текот на терористичката кампања што трае повеќе од 30 години, насочена против Турција, ПКК, која е на листата на терористички организации во Турција, САД и ЕУ, одговорна е за смртта на повеќе од 40.000 луѓе, вклучувајќи жени, деца и постари лица.