Ramazan Doğan
05 Мај 2017•Ажурирај: 06 Мај 2017
ЌУТАХИЈА (AA) - Студентки од Факултетот за физикална терапија и рехабилитација на Универзитетот „Думлупинар“ во градот Ќутахија во Турција, реализираа проект за безбедносни појаси за патниците кои стојат за време на возењето во јавниот градски превоз.
Есма Нур Ѓокалп, Есра Ташдемир и Неџла Шимшек го осмислија и реализираа овој проект со цел да се зголеми удобноста и безбедноста на патниците кои во јавниот градски превоз не можат да најдат слободно седиште и за време на возењето мораат да стојат.
Ѓокалп во изјава за новинарите рече дека реализираниот проект ќе го олесни секојдневието на луѓето кои за време на возењето во возилата на јавниот градски превоз не можат да најдат слободно седиште и остануваат на нозе.
„Ќе се потрудиме овој проект да заживее во нашиот град и на подрачјето на цела Турција“, изјави Ѓокалп.
Нивниот професор, доц. д-р Ферух Ташпинар изјави дека се отпочнати активностите овој проект да заживее и надвор од Турција.
Граѓаните кои веќе имаа можност да го користат безбедносниот појас рекоа дека се задоволни од еден таков изум.