Halil Fidan
05 Мај 2017•Ажурирај: 06 Мај 2017
ШАНЛИУРФА (АА) - Турските вооружени сили денес распоредија дополнителни оклопни единици во кои се вклучени и тенкови, на подрачјето на градот Акчакале на границата со Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите на АА, оклопните возила и тешката артилерија се распоредени долж турско-сириската граница, наспроти населбите Талија, Хуриет и Онјул, во сирискиот град Тел Абјад. Се работи за населби кои се под контрола на терористичката организација ПКК/ПЈД/ЈПГ.
Тенковите се распоредени и во близина на самиот граничен премин Акчакале.
На 27 април, припадниците на терористичката организација ПКК/ПЈД/ЈПГ со минофрлачки проектили, а нешто подоцна и со рачен фрлач на ракети нападнаа караула во територијата на Турција. Оружените сили на Турција возвратија со оган, во согласност со меѓународните правила за ангажманот.