Sezgin Pancar
06 Мај 2017•Ажурирај: 07 Мај 2017
МЕРСИН (АА) - Во рамките на истрагата во врска со обидот за државен удар во Турција, која се води против 29 членови на терористичката органиација ФЕТО во Мерсин, од кои 25 се приведени, двајца се на слобода и двајца во бегство, подготвено е обвинение во кое се наоѓа и делот на кој начин оваа терористичка организација од воените единици стекнувала нелегална заработка, јавува Anadolu Agency (AA).
Јавниот обвинител од Мерсин, Омер Фарук Ѓунѓор до 7. Кривичен суд во Мерсин поднесе обвинителски акт на 462 страница за 29 лица, повеќето офицери, меѓу кои се наоѓаат и водачот на ФЕТО, Фетула Ѓулен како првообвинет, потоа приведениот, поранешен вице-адмирал Неџат Атила Демирхан и шефот на полиција од 3. класа Хасан Басри Дагделен, давајќи им место и на тендерски неправилности кои ги правела оваа терористичка организација во војската.
Приведениот И.Т., поранешен мајор во морнарицата, во својата изјава претходно навел дека работел како шеф за набавки и шеф за логистика. Во својата изјава тој изјавил дека додека ја извршувал својата функција, забележал одредени неправилности околу тендерите за купување леб.
Поранешниот мајор И.Т. во својата изјава наведува дека во наведениот период, на останатите пекари не им била давана тендерската спецификација на лебот. „Тендерската спецификација на лебот и беше дадена само на една пекара која беше поврзана со ФЕТО. Бидејќи останатите пекари не можеа да го добијат овој документ, го загубија правото да учествуваат на тендерот, со што членовите на ФЕТО обезбедија неоснована заработка. Лебот на единиците им беше продаван за 4 пати повисока цена”, изјавил И.Т.
Обвинетиот И.Т. во својата изјава наведува дека терорстичката организација на војниците им испорачувал леб со помала грамажа, и дека поднел жалба во 2012 година за да го го обелодени тоа.
„Иако лебот требаше да биде испорачан дење, за да се избегне неговото испитување и мерење, лебот во единиците се испорачување во вечерните часови. На овој начин беше стекната големо количество нелегална заработка. Лебот кој беше испорачуван во единиците беше со вкупна тежина од 220 тони, за да подоцна по мојата жалба, лебот повторно се врати на нормалната тежина и вкупната тежина на лебот кој беше набавен да изнесува 100 тони. Благодарение на мојата жалба, беа заштедени 2 милиони лири (околу околу 870.000 евра во тоа време). Од оваа сума заштедата од лебот изнесуваше околу 200.000 евра, додека останатите средства се заштедени од набавката на останати средства. По моја жалба, на тендер се појави уште една пекара, по што пред 6 години, цената за набавка на леб изнесуваше петина од претходната цена. Сето ова ќе излезе на виделина кога ќе почне да се истражува”.
Обвинетиот И.Т. нагласи дека вакви неправилности немало само при набавката на леб, туку ФЕТО тоа го правел и со другите тендери.