Barış Gündoğan
15 Февруари 2017•Ажурирај: 15 Февруари 2017
АНКАРА (АА) - Генералштабот на турската армија соопшти дека припадници на терористичката организација ДЕАШ на југот од Ал Баб, во зоната во која е поставена привремена база извршиле напад со возило-бомба, а притоа се убиени и 8 терористи кои носеле елеци со експлозив, јавува Anadolu Agency (AA).
Во 09.10 часот, терористичка група од околу десетина лица изврши напад со автомобил-бомба во близина на привремената база во јужниот дел на Ал Баб. Во нападот животот го загубија 7 припадници на Слободната сириска армија.
Понатаму во соопштението се вели дека силите на Слободната сириска армија, кои стражарат на надворешната линија и интензивно отвораат оган кон терористите, неутрализирале 8 терористи-самоубијци кои пешачеле кон нападнатата зона.
При експлозија на возило во кое се наоѓале двајца терористи загинаа 7 борци на Слободната сириска армија, додека пак, нема повредени меѓу припадниците на Турските вооружени сили, кои се наоѓаат во привремената база во регионот.
За време на операцијата, во друго подрачје, како резултат на превртување на оклопно возило се повредени тројца војници. Војниците се надвор од животна опасност и се префрлени во болница, информираат од Генералштабот.