Murat Paksoy
31 Јануари 2019•Ажурирај: 01 Февруари 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Гувернерот на Истанбул, Али Јерликаја, информираше дека во операциите спроведени во населбите Султанбејли и Сариер, откриени се 850 килограми хероин, при што се приведени две лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Гувернерот Јерликаја, на својот профил на Твитер објави „Екипите на истанбулската полиција во населбите Султанбејли и Сариер спроведоа операции, при што се откриени 850 килограми хероин, а две лица се приведени.“
- Жандармеријата заплени 500 килограми сканк -
Гувернерот Јерликаја, во една друга објава на социјалната мрежа напиша дека екипите на командата на жандармеријата на Истанбул спровеле операција во која во еден шлепер се откриени 500 килограми дрога сканк.
Тој информираше дека во оваа операција се приведени 3 лица и им честиташе на припадниците на безбедносните сили за успешно извршените операции, додавајќи дека борбата против производството и дистрибуцијата на дрога ќе продолжи.