Ahmet Sertan Usul
26 Септември 2020•Ажурирај: 28 Септември 2020
АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека во воздушна операција во регионот Метина, во северен Ирак, неутрализирани се 3 терористи на ПКК кои се подготвувале за акција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството наведува дека операциите против терористичката организација ПКК одлучно продолжуваат.
„Во воздушна операција во регионот Метина, во северен Ирак, неутрализирани се 3 терористи на ПКК кои се подготвувале за акција“, се вели во соопштението на Министерството.
Операциите на турските безбедносни сили против терористите на ПКК на северот на Ирак се покренати за да се осигура безбедноста на турскиот народ и границите, елиминирајќи ја заканата што ја претставуваат ПКК и другите терористички групи, а кои го користат северниот дел на Ирак за прекугранични напади.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои се наоѓаат и деца и жени. ЈПГ е нејзин сириски огранок.