Orhan Onur Gemici
20 Мај 2020•Ажурирај: 20 Мај 2020
АНКАРА
Министерството за одбрана на Турција објави дека во подрачјето Метина во северен Ирак, по откривањето на терористички активности, спроведена е воздушна операција во кои се неутрализирани 4 милитанти на сепаратистичката терористичка организација ПКК, јавува Агенција Анадолија (АА).
Турското министерство за одбрана преку својот профил на социјалната мрежа Твитер објави дека во подрачјето Метина по претходно извршеното извидување и набљудување спроведена е операција во која се неутрализирани 4 терористи на ПКК.
Терористите се неутрализирани во воздушна операција, а во објавата на социјалната мрежа се наведува дека операциите ќе продолжат се додека не биде отстранет и последниот терорист.