Zafer Fatih Beyaz
09 Март 2020•Ажурирај: 09 Март 2020
АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека во регионот Тел Рифат во Сирија неутрализирани се 13 терористи на ПКК/ЈПГ, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството пренесенo преку „Твитер“ се наведува дека во Тел Рифат, Сирија, неутрализирани се 13 терористи на ПКК/ЈПГ, кои подготвувале напад врз Турските вооружени сили (ТСК) во подрачјето ослободено со операцијата „Штитот на Еуфрат“.
Од 2016 година, Турција започна три успешни прекугранични антитерористички операции, во северна Сирија, за да спречи формирање на терористички коридор: Операцијата „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (октомври 2019 година).
ПКК е терористичка организација којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, Европската Унија (ЕУ) и Соединетите Американски Држави (САД). За време на тридецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.