Günay Nuh
12 Мај 2018•Ажурирај: 12 Мај 2018
АРДАХАН (АА) - Најмалку 4 лица загинаа, а 22 се повредени откако автобус слета од патот во местото Чилдир, недалеку од источниот турски град Ардахан, јавува Anadolu Agency (AA).
АА дознава дека се работи за помал автобус кој се движел од турскиот град Игдир кон Грузија. Откако возачот изгубил контрола врз возилото, автобусот слетал од патот во Чилдир, поточно на локацијата Мозарет Даги.
Како последица на несреќата загинаа 4 лица, вклучувајќи го и возачот, додека повредени се 22 лица.
Повредените патници од автобусот ги извлекоа екипите за вонредни ситуации на АФАД и припадниците на жандармеријата, откако се префрлени во болница.
Се дознава дека меѓу повредените, 5 лица се наоѓаат во критична состојба.