Dilara Hamit
13 Декември 2020•Ажурирај: 14 Декември 2020
ИСТАНБУЛ
Во текот на операцијата против криумчарење, турските безбедносни сили запленија денес во Истанбул 877 антички бронзени кованици, јавува Агенција Анадолија (АА).
Неименуван извор рече дека жандармеријата извела претрес во деловниот простор на осомниченото лице со иницијали Е.А. и запленила кованици од хеленистичкиот период.
Акцијата е изведена по разузнавачки сознанија дека осомничениот имал намера да ги продаде кованиците, а припадниците на жандармеријата го привеле во обид да избега со торбата.
Запленетите вредни историски предмети се предадени на Истанбулскиот археолошки музеј.
Утврдено е дека запленеите пари се ковани во повеќе градови од древниот регион Понт и дека имаат исклучително голема вредност