İlkay Güder
26 Мај 2018•Ажурирај: 28 Мај 2018
ЕРЗУРУМ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги критикуваше денес европските земји кои забранија собир на членовите и симпатизерите на АК Партијата, а истовремено им дозволија на терористите да држат митинзи по европските плоштади, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган се обрати на насобраните граѓани на градскиот плоштад во источниот турски град Ерзурум, а во оваа пригода се осврна на актуелните случувања.
„Земјите кои им дозволуваат на терористите на ПКК, ЈПГ, ПЈД, ХДП да одржуваат митинзи по плоштадите на Европа, не ѝ го дозволуваат тоа на АК Партијата, ги затвораат салите. Без разлика дали тоа го сакате или не, БиХ доволно ви покажа. Моментално сме во Ерзурум, тоа ви е доволно“, порача Ердоган.
Потсетувајќи дека во Турција на 24 јуни ќе се одржат парламентарни и претседателски избори, Ердоган изјави дека сега е време за единство, време за Турција. Тој додаде дека одредено „каматно лоби“ се обидува да врши притисок на Турција, и порача дека таквите напори ќе бидат залудни.
Ердоган се осврна и на успешната борба на Турција против тероризмот, и истакна дека никој не треба да си игра со Турција, во спротивно, исто како и терористите, ќе мора да бара дупка за сокривање.
„Познато е што им направивме на терористичките организации. Никој нека не си игра со нас. Оние кои ќе си поиграат со нас, исто како и терористите на ПКК, ПЈД, ДЕАШ и ФЕТО, ќе мораат да бараат дупка за да се сокријат“, изјави Ердоган.
Тој додаде дека во сирискиот град Африн досега биле неутрализирани 4.475 терорсти, во северниот дел на Ирак, 414, а во границите на Турција биле неутрализирани 398 терористи.