Burak Dağ
26 Август 2020•Ажурирај: 01 Септември 2020
АНКАРА (АА) - Нова антитерористичка операција е започната во турската југоисточна област Дијарбакир, објави денеска турското Министерство за внатрешни работи, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Операцијата „Јилдирим-7“ е насочена кон целосно елиминирање на сепаратистичката терористичка организација [ПКК] и неутрализирање на сите терористи што се имаат засолнето во регионот“, се вели во соопштението на Министерството.
Во операцијата се вклучени најмалку 1.495 припадници на безбедносните сили, меѓу кои силите за специјални операции на жандармеријата, полицијата и локалните чувари на безбедноста.
Операцијата е најновиот притисок на Турција за неутрализирање на терористите на ПКК во регионот, по почетокот на операцијата „Јилдирим-6“ на 19 август.
Министерството соопшти дека во операциите „Јилдирим“ неутрализирани се најмалку 31 терорист, уништени се 48 пештери, засолништа и магацини, а запленети се и големи количества оружје, муниција и други ресурси.
Се додава дека операциите против терористите продолжуваат без запирање и со поддршка на турската јавност.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои се наоѓаат и деца и жени.