Merve Aydoğan
12 Јули 2018•Ажурирај: 13 Јули 2018
АНКАРА (АА) - Еден од 10-те неутрализирани терористи во источната турска област Битлис минатиот месец, е и Сефер Ачар, кој е одговорен за убиство на 15 турски војници во 1998 година, се вели од Министерството за внатрешни работи, пренесува Anadolu Agency (AA).
Ачар, кој е, исто така, познат и под кодното име „Welat Gever“, беше на црвената листа на барани терористи во Турција, која претставува листа на најбарани терористи.
На 28 јуни, жандармериските сили спроведоа антитерористичка операција во селото Кочјигит, во областа Битлис, каде што беше неутрализиран Ачар, кој се смета за водач на терористичката организација ПКК во таканаречената „област Гарзан“.
Ачар е одговорен за терористичкиот напад кој терористите на ПКК го извршија на 27 ноември 1998 година, кога на северниот дел на Ирак срушија хеликоптер на турската жандармерија при што загинаа 15 припадници на безбедносните сили.
Безбедносните единици пронајдоа турска банкнота која датира од 1998 година, на која пишува „Парите од пилотот на хеликоптерот срушен во Херко 11.27.1998“. Терористот го чувал „сувенирот“ од извршениот напад 20 години.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата на терористички организации во Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на речиси 40.000 лица.