Cihan Demirci,Mehmet Zahit Yılmaz
15 Март 2019•Ажурирај: 17 Март 2019
ЕДРЕНЕ (АА) - Групата од седум лица од различни земји на Балканот, кои со своите велосипеди тргнаа од Скопје кон турскиот град Чанаккале, од граничниот премин „Ипсала“ влегоа во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
По повод 104-годишнината од 18 Март - Победата на Чанаккале, седум лица од Северна Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Санџак, на 10 март се собраа во Скопје, а потоа тргнаа кон Чанаккале во знак на сеќавање на загинатите во Чанаккале.
Групата патувала 650 километри, а преминувајќи ја Грција со велосипеди, групата од 7 лица кои носеле знамиња на Турција, и маици со натпис „Чанаккале“, беше пречекана со аплаузи на граничниот премин „Ипсала“, на влезот на Турција.
Шеесет и петгодишниот Сами Емин од Скопје, кој беше дел од турскиот брод „Мави Мармара“, што носеше хуманитарна помош во Газа, во изјава за новинарот на АА истакна дека од Скопје тргнале со цел да ги посетат гробиштата на нивните предци и дедовци и да се молат за нив.
Емин раскажа дека понекогаш имале потешкотии во текот на патувањето поради лошите временски услови, и рече дека планираат да стигнат во Чанаккале на денот кога ќе се одржат церемониите по повод 104-годишнината од 18 Март - Победата на Чанаккале.
Потоа групата во која се наоѓаат Сами Емин, Ќамуран и Јашар Хирда од Скопје, Аднан Нуховиќ од Санџак, Исмет Шкуљ од Босна и Херцеговина, Сахит Хат од Црна Гора, и Ирфан Маилч Домари од Албанија, кој во текот на патувањето носи традиционални албански носии, тргна кон Чанаккале.