Melda Altakhan
17 Септември 2016•Ажурирај: 18 Септември 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - На поранешниот турски премиер Аднан Мендерес кој беше погубен пред 55 години на денешен ден, секогаш ќе се сеќавам со благодарност за неговиот придонес за нацијата и нашата земја, изјави турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот Ердоган го истакна ова во пораката по повод годишнината од смртта на поранешниот турски премиер Мендерес, кој беше обесен од страна на војниците пучисти на 17 сетември 1961 година.
„Аднан Мендерес, беше државник кој одигра клучна улога во развојот, напредокот и демократизацијата на нашата земја и остави неизбиршливи траги во нашиот политички живот и во срцето на нашиот народ“, се вели во пораката на турскиот претседател Ердоган.
Претседателот Ердоган посака милост од Господ за поранешниот турски премиер Аднан Мендерес.