Mehmet Tosun
24 Декември 2022•Ажурирај: 26 Декември 2022
ЕРЗУРУМ (АА) – Туркије неуморно работи на поврзување на природниот гас откриен во Црното Море со националната мрежа, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, ветувајќи дека во понеделник ќе бидат објавени уште добри вести, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Работиме дење и ноќе за поврзување на гасот што го откривме во Црното Море со нашиот национален систем, а во понеделник ќе споделиме нови добри вести со нашата нација“, рече Ердоган, во обраќањето пред граѓаните во градот Ерзурум, каде што беше организирано свечено отворање на повеќе реализирани проекти.
Турскиот претседател потврди дека само во Ерзурум инвестициите во областа на природниот гас надминуваат четири милијарди турски лири.
„Туркије ќе добие уште добри вести откако црноморскиот природен гас биде ставен во употреба“, потврди претседателот Ердоган.
Тој се осврна и на тензиите меѓу Азербејџан и Ерменија и рече:
„Со Азербејџан ги поставуваме темелите на нова ера во регионот. Работите ќе се забрзаат со придвижување на Ерменија во правец на мирот и безбедноста.“