Zehra Nur Düz
25 Декември 2022•Ажурирај: 25 Декември 2022
АНКАРА (АА) – Турските безбедносни сили неутрализираа пет терористи на ПКК/ЈПГ во северна Сирија, соопшти денес турското Министерство за национална одбрана, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Терористите се неутрализирани во зоните на операциите „Извор на мирот“ и „Штитот на Еуфрат“, соопшти Министерството преку Твитер.
Од 2016 година, Анкара започна три успешни антитерористички операции преку својата граница во северна Сирија со цел да спречи формирање терористички коридор и да овозможи мирно враќање на жителите: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019).
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, САД и ЕУ, одговорна е за смртта на над 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца. ЈПГ е сириски огранок на терористичката ПКК.