Ferdi Türkten,Cemal Aşan
25 Август 2020•Ажурирај: 25 Август 2020
БИТЛИС (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, ги посети гробиштата на Селчуците во населеното место Ахлат, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган, кој се наоѓа Ахлат по повод одбележувањето на 949-годишнината од победата во Малазгирт, ги посети гробиштата на Селчуците, кои се најголемите турско-исламски гробишта во светот и се наоѓаат на Привремената листа на Светското културно наследство на УНЕСКО.
Во придружба на Ердоган беше сопругата Емине Ердоган, потпретседателот на Турција, Фуат Октај, претседателот на Големото народно собрание на Турција, Мустафа Шентоп, и претседателот на Партија за национално движење (MHP), Девлет Бахчели.
Ердоган ги поздрави граѓаните кои со турски знамиња чекаа пред гробиштата.